СООПШТЕНИЕ

Потрошени градежни материјали и енергија, 2023 година

Деловните субјекти потрошиле 6.6 % повеќе градежни материјали и енергија во 2023 година во однос на 2022 година

Деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност во 2023 година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 11 859 712 илјади денари, што е за 6.6 % повеќе во однос на претходната година.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија, најголемо учество има групата Материјали за врзување со 5 065 871 илјада денари (42.7 %), потоа следат групите Потрошено гориво со 1 765 874 илјади денари (14.9 %), Материјали за армирање и прицврстување со 1 350 812 илјади денари (11.4 %) итн, информира Државниот завод за статистика.

Главни поенти

Од вкупно потрошените градежни материјали и енергија во 2023 година најголемо учество со 42.7 % има групата Материјали за врзување.

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Наташа Ценова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.