СООПШТЕНИЕ

Комунален отпад, 2023 година

Во 2023 година за 2.6 % повеќе собран комунален отпад отколку во 2022 година

Вкупното количество собран комунален отпад во 2023 година изнесува 621 686 тони и споредено со 2022 година бележи зголемување од 2.6 %. Зголемувањето се должи на зголемениот број населени места вклучени во системот за колективно собирање отпад.

Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 169 515 тони или 27.3 % од вкупното собрано количество. Од вкупното количество собран комунален отпад,
507 138 тони или 82 % се собрани од домаќинствата, а останатите 18 % од правни и физички лица (комерцијален отпад). 

Според видовите отпад, најголемо количество собран отпад е измешаниот комунален отпад –
531 033 тони или 85.4 %, а најмало количество има отпадот од гума – 1 301 тон или 0.2 % од вкупното количество собран комунален отпад.  

Вкупното количество создаден комунален отпад во 2023 година изнесува 878 303 тони. Годишното количество создаден комунален отпад по жител во 2023 година изнесува 503 кг, што е за  7.7 % повеќе од 2022 година. 

Најголемото количество собран комунален отпад, 99.8 %, се исфрла на депонија. 

Главни поенти

Собран комунален отпад по видови, во тони

•    Измешан комунален отпад: 531 033 
•    Органски отпад: 39 690 
•    Отпад од пластика: 14 532 
•    Хартија: 10 914 
•    Метал: 2 203 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Собран и создаден комунален отпад по региони

2023

Контакт

Сузана Стојановска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: suzana.stojanovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Комунален отпад