Комунален отпад, 2024
Во 2024 година е собран за 2.5 % повеќе комунален отпад отколку во 2023 година
Вкупното количество собран комунален отпад во Република Северна Македонија во 2024 година изнесува 637 471 тон. Споредено со 2023 година, вкупното количество собран комунален отпад во 2024 година бележи зголемување од 2.5 %. Зголемувањето се должи на зголемениот број населени места вклучени во системот за колективно собирање отпад.
Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 180 729 тони или 28.4 % од вкупното собрано количество. Од вкупното количество собран комунален отпад, 535 606 тони или 84 % се собрани од домаќинствата, а останатите 16 % од правни и физички лица (комерцијален отпад).
Според видовите отпад, најголемо количество собран отпад е измешаниот комунален отпад – 546 866 тони или 85.8 %, а најмало количество има отпадот од гума – 1 136 тони или 0.2 % од вкупното количество собран комунален отпад.
Вкупното количество создаден комунален отпад во 2024 година изнесува 790 866 тони. Годишното количество создаден комунален отпад по жител во 2024 година изнесува 438 кг, што е за 12.9 % помалку од истото количество во 2023 година.
Најголемото количество собран комунален отпад, 99.8 %, се исфрла на депонија.
Главни поенти
Собран комунален отпад по видови
Измешан комунален отпад: 546 866 тони
Органски отпад: 33 175 тони
Отпад од пластика: 16 852 тони
Хартија: 12 347 тони
Метал: 2 435 тони
Табели

Графикон
Собран и создаден комунален отпад, по региони
2024 година
Контакт
Подготвено од: Сузана СтојановскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: suzana.stojanovska@stat.gov.mk