Отпад според секторите на економската активност, 2022 година
Во 2022 година за 0.6 % повеќе создаден отпад отколку во 2020 година
Во 2022 година се создадени 1 397 илјади тони отпад. Од вкупното количество создаден отпад, 70.5 % е неопасен отпад, a 29.5 % опасен отпад. Најмногу отпад е создаден во секторот Рударство и вадење на камен, 497 илјади тони или 35.6 %.
Во 2022 година се третирани вкупно 1 376 илјади тони отпад. Количеството рециклиран отпад или отпад предаден за рециклирање изнесува 564 илјади тони. Според видовите отпад што е рециклиран или предаден за рециклирање, најголемо е количеството отпад од категориите: Отпадоци од железен метал, необоени метали; Отпадоци од хартија и картон и Отпадоци од пластика.
Од создадениот отпад, 21 илјада тони се складиран отпад.
Главни поенти
Создаден отпад по сектори на економска активност, 2022 година
- Рударство и вадење на камен: 35.6 %
- Преработувачка индустрија: 35.2 %
- Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината: 15.6 %
- Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација: 0.7 %
Табели

Графикон
Учество на создадениот отпад според секторите на економската активност
2022 година
Контакт
Подготвено од: Сузана СтојановскаТелефон: +389-(0)2-3295-650
е-пошта: suzana.stojanovska@stat.gov.mk