Сметки за физички енергетски текови, 2021 и 2022 година
Нето-домашното користење на енергија во 2022 година е поголемо за 2.4 % отколку во 2021 година
Во 2022 година нето-домашното користење на енергија изнесувало 117 269 тераџули (ТJ) и се зголемило за 2.4 % во споредба со 2021 година. Најголем пораст од 29.5 % бил забележан во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, следен од секторот Транспорт и складирање со 3.6 %. Во секторот Преработувачка индустрија се намалило за 20.8 %, додека пораст бил забележан во секторот Рударство и вадење на камен за 1.5 % и во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство за 1.3 %. Во останатите сектори на економска активност се намалило за 4.7 %, додека во домаќинствата се намалило за 6.0 %.
Енергијата искористена од природни ресурси се зголемила за 17.4 %. Вкупно 43 572 ТJ од енергијата била добиена од природни ресурси, што е зголемување за 17.4 % во однос на 2021 година. Најмногу, 29 770 ТJ или 68.3 % од целокупната енергија била добиена во секторот Рударство и вадење на камен, потоа во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство 7 194 ТJ или 16.5 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 6 608 ТJ или 15.2 %.
Во 2022 година, резидентите во странство користеле 6 970 ТJ енергија (гориво купено во странство за воздушниот и патничкиот сообраќај), што е 35.1 % повеќе во однос на претходната година. Нерезидентите во Република Северна Македонија користеле 6 363 ТJ енергија (гориво купено на територијата за воздушниот и патничкиот сообраќај), што е 35.7 % повеќе отколку во претходната година.
Главни поенти
Користена енергија (гориво за воздушен и патен сообраќај), резидентен принцип, 2022 година
- Резиденти во странство: 6 970 ТJ
- Нерезиденти на територијата на Република Северна Македонија: 6 363 ТJ
Табели
1) Претходни податоци
Користени симболи →

Контакт
Подготвено од: Сузана СтојановскаТелефон: +389-(0)2-3295-666
е-пошта: suzana.stojanovska@stat.gov.mk