Сметки за физички енергетски текови, 2022 и 2023 година
Нето-домашното користење на енергија во 2023 година е помало за 2.6 % отколку во 2022 година
Нето-домашното користење на енергијата во 2023 година изнесувало 114 070 тераџули (ТЈ) и се намалило за 2.6 % во споредба со 2022 година. Најголемо намалување од 9.8 % било забележано во секторот Преработувачка индустрија, потоа од секторот Транспорт и складирање со 5.0 %. Во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација користењето се намалило за 1.0 %, додека пораст бил забележан во секторот Градежништво за 6.9 % и во секторот Рударство и вадење камен за 3.2 %. Во останатите сектори на економска активност се намалило за 4.5 %, додека во домаќинствата се намалило за 2.5 %.
Енергијата искористена од природни ресурси се намалила за 10.0 %. Вкупно 39.197 ТЈ од енергијата била добиена од природни ресурси, што е намалување за 10.0 % во однос на 2022 година. Најголемиот дел од целокупната оваа енергија – 23 994 ТЈ или 61.2 % – биле добиени во секторот Рударство и вадење камен, потоа во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 8 935 ТЈ или 22.8 % и во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство – 6 268 ТЈ или 16.0 %.
Во 2023 година, резидентите во странство користеле 5 963 ТЈ енергија (гориво купено во странство за воздушниот и патничкиот сообраќај), што е за 14.5 % помалку во однос на претходната година. Нерезидентите во Република Северна Македонија користеле 6 500 ТЈ енергија (гориво купено на територијата за воздушниот и патничкиот сообраќај), што е за 2.2 % повеќе отколку во претходната година.
Главни поенти
Користена енергија (гориво за воздушен и патен сообраќај), резидентен принцип, 2023 година
- Резиденти во странство: 5 963 ТЈ
- Нерезиденти на територијата на Република Северна Македонија: 6.500 ТЈ
Табели
1) Претходни податоци
Користени симболи →
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Сузана СтојановскаТелефон: +3893 295 650
е-пошта: suzana.stojanovska@stat.gov.mk