СООПШТЕНИЕ

Користење и заштита на водите од загадување во индустријата, 2023 година

Во 2023 година за 25.7 % повеќе зафатено количество вода од водни извори отколку во 2022 година

Вкупното количество зафатенa вода од индустриските претпријатија во 2023 година изнесуваше
5 409 милиони м3, со најголемо учество на секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 99.2 %.

Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото количество вода е од површински води, односно 49.9 %. 

Вкупното количество користена вода во 2023 година изнесуваше 2 727 милиони м3 и споредено со 2022 година бележи зголемување од 25.3 %. 

Од вкупно испуштените води, во 2023 година се пречистени 12.3 %.

Главни поенти

Користење на водите во 2023 година, милиони м3

  • Зафатено количество вода: 5 409  
  • Користена вода: 2 727 
  • Испуштени води: 2 691 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Испуштање на отпадни води од индустријата

2023 година

Контакт

Подготвено од: Сузана Стојановска
Телефон: +389-(0)2-3295-666
е-пошта: suzana.stojanovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.