СООПШТЕНИЕ

Јавен водовод и јавна канализација, 2023 година

Во 2023 година 63.4 % од водата за снабдување од јавен водовод била зафатена од изворски води

Во 2023 година, во јавниот водовод биле зафатени и преземени 293 191 илјада м3 вода за снабдување, што е за 2.3 % помалку во однос на  2022 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 63.4 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 1.0 %, од езера.

Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2023 година било за 0.9 % помалку во однос на претходната година. Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 68.9 % од вкупната испорачана вода од јавен водовод. 

Вкупното количество отпадни води во 2023 година било за 0.4 % помало во однос на 2022 година. 

Од вкупното количество испуштени отпадни води во 2023 година, непречистени биле 72.2 %, а пречистени 27.8 %.

Главни поенти

Вкупно количество испуштени отпадни води, 2023 година

  • Непречистени: 72.2 %
  • Пречистени: 27.8 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Сузана Стојановска
Телефон: +389-(0)2-3295-666
е-пошта: suzana.stojanovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.