Енергетски биланси, 2023 година, претходни податоци
Во 2023 година 63.4 % од вкупната потребна енергија е обезбедена од увоз
Вкупната потребна енергија во 2023 година изнесува 2 698 648 тони нафтени еквиваленти (тое) и во нејзината структура со најголем процент учествуваат нафтените продукти со 42.8 % и цврстите горива со 30.2 %.
Бруто-примарното производство изнесува 936 031 тое и споредено со 2022 година е намалено за 9.9 %. Најголемо намалување од 19.8 % е забележано кај лигнитот, додека значително зголемување на бруто-примарното производство од 252.3 % е забележано кај соларната електрична енергија и кај хидроенергијата за 20.6 %.
Во финалната енергетска потрошувачка најголемо е учеството на нафтените продукти со 55.6 %.
Финалната енергетска потрошувачка во 2023 година изнесува 1 793.862 тое, потрошена во: сообраќајот (45.2 %), домаќинствата (26.4 %), индустријата (18.4 %) и во останатите сектори (10 %).
Главни поенти
Во 2023 година:
- Учеството на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија изнесува 32.0 %, додека учеството во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 31.3 %.
- Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата изнесува 1 638.9 KWh по жител.
- Финалната потрошувачка на нафтени продукти изнесува 986 996 тони и споредено со бројот на населението, секој жител потрошил по 542 кг нафтени продукти
Контакт
Подготвено од: Стојна МаневаТелефон: +389 02 3295 666
е-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk