Енергетски биланси, 2024 година, претходни податоци
Во 2024 година, 65.5 % од вкупната потребна енергија е обезбедена од увоз
Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесува 2 541 849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат:
- Нафтените продукти со 44.7 % и
- Цврстите горива со 24.9 %.
Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесува 842 142 toe, што претставува намалување од 10.6 % во споредба со 2023 година. Најголемо намалување е забележано кај лигнитот, со пад од 20.9 % и хидроенергијата од 15.8 %, додека најзначително зголемување од 140.0 % е евидентирано кај соларната електрична енергија.
Финалната енергетска потрошувачка во 2024 година изнесува 1 859 697 toe, при што енергијата е распределена по сектори на следниот начин:
- Сообраќај – 47.6 %
- Домаќинства – 26.1 %
- Индустрија – 16.9 %
- Останати сектори – 8.4 %.
Главни поенти
Во 2024 година:
- Учеството на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија изнесува 39.4 %, а во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 35.4 %.
- Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата изнесува 1 727 KWh по жител на годишно ниво.
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Финална енергетска потрошувачка во индустријата по видови енергенти
2024 година
Финална енергетска потрошувачка во домаќинствата по видови енергенти
2024 година
Контакт
Стојна МаневаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk