Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ

Финална енергетска потрошувачка во услужните сектори, дезагрегирани податоци, 2023 година- дефинитивни податоци

Структура на потрошените енергенти во услужните сектори според Националната класификација на дејностите (НКД), рев. 2. во 2023 година

Врз основа на податоците од Анкетата за потрошувачката на енергенти во комерцијалниот и во услужниот сектор, во 2023 година вкупната финална енергетска потрошувачка во услужните сектори изнесува 7 253.151 TJ.
Спрема економските активности, класифицирани според Националната класификација на дејностите (НКД), рев. 2., најголема потрошувачка е регистрирана во дејностите Трговија (1 540.732 TJ), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (1 369.514 TJ), Здравствена и социјална заштита (739.687 TJ) и Јавна управа и одбрана (622.077 TJ).
Енергетски гледано, во структурата на финалната потрошувачка на енергија во услужните сектори доминира електричната енергија со учество од 52.0 % во вкупната потрошувачка. Следат нафтените продукти со 21.9 % и амбиенталната топлина со 10.6 %.
Биомасата учествува со 6.2 %, топлинската енергија од јавните котларници со 5.6 %, а природниот гас со 2.6 %. Геотермалната и соларната топлинска енергија, заедно со лигнитот, учествуваат со 1.2 % во вкупната финална потрошувачка.

 

Главни поенти

Во 2023 година: 
  • Вкупната финална енергетска потрошувачка во услужните сектори изнесува 7 253.151 TJ
  • Електричната енергија доминира во структурата на финалната потрошувачка со учество од 52.0 % од вкупната потрошувачка
  • Од обновливите извори на енергија, најголемо учество има амбиенталната топлина со 10.6 % во вкупната финална потрошувачка. 

 



Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Финална енергетска потрошувачка во услужните дејности според Националната класификација на дејностите (НКД), рев. 2.

2023 година

Учество на енергентите во финалната енергетска потрошувачка во услужните сектори, (%)

2023 година

Контакт

Стојна Манева
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk
Ѓурѓица Милошевска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: gjurgica.milosevska@stat.gov.mk