Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ

Финална енергетска потрошувачка во услужните сектори, дезагрегирани податоци, 2024 година- претходни податоци

Структура на потрошените енергенти во услужните сектори според Националната класификација на дејностите (НКД), рев. 2. во 2024 година

Финалната енергетска потрошувачка во услужните сектори во 2024 година изнесува 
7 154.551 ТЈ. Спрема економските активности класифицирани според Националната класификација на дејностите (НКД), рев. 2., најголема потрошувачка на енергија е регистрирана во секторите: 
  •  Трговија – 1 483.820 TJ
  •  Објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 1 353.437 TJ
  •  Здравствена и социјална заштита – 778.000 TJ.
Енергетски гледано, во структурата на финалната потрошувачка на енергија во услужните сектори доминира електричната енергија со учество од 51.8 %. Следат нафтените продукти со 21.6 % и амбиенталната топлина со 10.8 %. Биомасата учествува со 5.9 %, топлинската енергија од јавните котларници со 5.5 %, додека природниот гас учествува со 3.2 %. Геотермалната и соларната топлинска енергија, заедно со лигнитот, имаат учество од 1.1 % во вкупната финална потрошувачка на енергија.

 

 

Главни поенти

Во 2024 година: 
  •  Вкупната финална енергетска потрошувачка во услужните сектори изнесува 7 154.551 TJ
  •  Електричната енергија доминира во структурата на финалната потрошувачка со учество од 51.8 % од вкупната потрошувачка
  •  Од обновливите извори на енергија, најголемо учество има амбиенталната топлина со 10.8 % во вкупната финална потрошувачка. 

 



Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Финална енергетска потрошувачка во услужните дејности според Националната класификација на дејностите (НКД), рев. 2.

2024 година

Учество на енергентите во финалната енергетска потрошувачка во услужните сектори, (%)

2024 година

Контакт

Стојна Манева
Телефон: +389 02 3295 666
е-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk
Ѓурѓица Милошевска
Телефон: +389 02 3295 666
е-пошта: gjurgica.milosevska@stat.gov.mk