Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 14.2.2025.1/3

Енергија, март 2025 година, претходни податоци

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во март 2025 година изнесува 469 417 МWh, што претставува 80.4 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

Во март 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 584 042 МWh електрична енергија, 20.847 милиони nm3 природен гас, 534 635 тони јаглен и 88 262 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 80.4 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Главни поенти

Во март 2025 година во однос на март 2024 година:

  • Вкупната потрошувачка на природен гас е намалена за 9.2 %
  • Потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 7.8 %

Табели

1) Oпфатена е само електричната енергија произведена во соларните енергетски капацитети со главна дејност производство на електрична енергија.


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Бруто-производство на електрична енергија

март 2025 година

Контакт

Стојна Манева
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Енергија, месечни податоци