Енергија, септември 2025 година, претходни податоци
Во септември 2025 година е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено, односно вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 391 740 MWh, што претставува 4.9 % повеќе од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија
Во септември 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 373 518 МWh електрична енергија, 19.406 милиони nm3 природен гас, 368 114 тони јаглен и 95 577 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 100 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Главни поенти
- Потрошувачката на природен гас е намалена за 15.5 %, како резултат на намалената активност на когенеративните постројки
- Потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 13.2 %
Табели
1)Oпфатена е само електричната енергија произведена во соларните енергетски капацитети со главна дејност производство на електрична енергија
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Бруто-производство на електрична енергија
септември 2025 година
Контакт
Стојна МаневаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk Ѓурѓица Милошевска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: gjurgica.milosevska@stat.gov.mk