Енергија, јануари 2025 година, претходни податоци
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во јануари 2025 година изнесува 541 031 МWh, што претставува 69.7 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија
Во јануари 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 775 397 МWh електрична енергија, 43.679 милиони nm3 природен гас, 334 316 тони јаглен и 82 785 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 69.7 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98.8 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Главни поенти
Во јануари 2025 година во однос на јануари 2024 година:
• Вкупната потрошувачка на природен гас е намалена за 2.3 %
• Потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 9.9 %
Табели
1) Oпфатена е само електричната енергија произведена во соларните енергетски капацитети со главна дејност производство на електрична енергија.

Графикон
Бруто-производство на електрична енергија
јануари 2025 година
Контакт
Подготвено од: Стојна МаневаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk