Индекси на индустриското производство, април 2025 година
Индустриското производство во април 2025 година е зголемено за 1.4 % во однос на април 2024 година
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2025 година, во однос на април 2024 година, бележи опаѓање од 1.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18.3 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: 
 - Производство на прехранбени производи,
 - Производство на тутунски производи, 
 - Производство на текстил,
 - Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), 
 - Производство на производи од гума и производи од пластични маси, 
 - Производство на други неметални минерални производи, 
 - Производство на метали, 
 - Производство на електрична опрема,
 - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
 - Производство на мебел. 
Според главните индустриски групи, производството во април 2025 година, во однос на април 
2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15.2 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 16.2 %, Капитални производи за 6.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.1 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – април 2025 година, во однос на периодот јануари – април 2024 година, изнесува 101.8. 
Главни поенти
Април 2025 година во однос на април 2024 година
- Производство на електрична опрема: +20.6 %
 - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки: +6.9 %
 - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација: -18.3 %
 
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
                    Контакт
Горан СтојковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk