СООПШТЕНИЕ

Индекси на индустриското производство, декември 2024 година

Индустриското производство во декември 2024 година е намалено за 1.4 % во однос на декември 2023 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 10.0 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 5.7 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: 
 - Производство на текстил, 
 - Производство на облека, 
 - Производство на хартија и производи од хартија, 
 - Производство на производи од гума и производи од пластични маси, 
 - Производство на други неметални минерални производи, 
 - Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, 
 - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и 
 - Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 20.1 %, додека пораст бележи кај Енергија за 2.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 14.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.9 %. 

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 96.4.

Главни поенти

Декември 2024 година во однос на декември 2023 година: 

  • Производството на машини и уреди, неспоменати на друго место има пад од 26.9 %
  • Производството на моторни возила, приколки и полуприколки има пад од 23.1 %
  • Снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, по подолго време, има пораст од 5.7 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Горан Стојковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.