Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.2.2025.1/12

Индекси на индустриското производство, декември 2025 година

Индустриското производство во декември 2025 година е зголемено за 2.3 % во однос на декември 2024 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 
2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи опаѓање од 6.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.9 %. 

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: 

 - Производство на прехранбени производи,
 - Производство на пијалаци,
 - Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
 - Производство на други неметални минерални производи, 
 - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
 - Производство на мебел. 

Според главните индустриски групи, производството во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 3.9 %, Капитални производи за 0.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.8 %.

Индустриското производство во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, е зголемено за 1.9 %. 

Главни поенти

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, има зголемувањето на производството во одделите: 

•    Производство на прехранбени производи со 3.5 %
•    Производство на пијалаци со 34.2 %
•    Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 3.5 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Горан Стојковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на индустриското производство