Индекси на индустриското производство, февруари 2025 година
Индустриското производство во февруари 2025 година е намалено за 0.8 % во однос на февруари 2024 година
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање од 4.4 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 7.7 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:
- Производство на тутунски производи,
- Производство на облека,
- Печатење и продукција на снимени медиуми (записи),
- Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
- Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
- Производство на други неметални минерални производи,
-Производство на метали,
- Производство на електрична опрема и
- Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 13.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.3 % и Капитални производи за 12.1 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на периодот јануари – февруари 2024 година, изнесува 100.2.
Главни поенти
Февруари 2025 година во однос на февруари 2024 година
• Производство на облека: +5.2 %
• Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место: -14.2 %
• Производство на моторни возила, приколки и полуприколки: -11.0 %
Табели

Контакт
Подготвено од: Горан СтојковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk