Индекси на индустриското производство, март 2025 година
Индустриското производство во март 2025 година е зголемено за 5.2% во однос на март 2024 година
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2025 година, во однос на март 2024 година, бележи опаѓање од 1.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 12.9 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:
 - Производство на тутунски производи, 
 - Производство на хартија и производи од хартија,
 - Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), 
 - Производство на хемикалии и хемиски производи,
 - Производство на производи од гума и производи од пластични маси, 
 - Производство на други неметални минерални производи, 
 - Производство на метали, 
 - Производство на електрична опрема и 
 - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. 
Според главните индустриски групи, производството во март 2025 година, во однос на март 
2024 година, бележи пораст кај Енергија за 13.8 %, Интермедијарни производи, освен енергија за  24.3 % , додека опаѓање бележи кај  Капитални производи за 8.4 %,Трајни производи за широка потрошувачка за 8.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.0 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – март 2025 година, во однос на периодот јануари – март 2024 година, изнесува 102.0.
Главни поенти
Март 2025 година во однос на март 2024 година
- Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место: +15.1 %
 - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки: +7.1 %
 - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација: +12.9 %
 
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
                    Контакт
Горан СтојковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk