Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.2.2025.1/9

Индекси на индустриското производство, септември 2025 година

Индустриското производство во септември 2025 година е зголемено за 2.7 % во однос на септември 2024 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи опаѓање од 1.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.5 %. 

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: 

 - Производство на прехранбени производи,
 - Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
 - Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
 - Производство на други неметални минерални производи,
 - Производство на електрична опрема, 
 - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
 - Производство на мебел. 

Според главните индустриски групи, производството во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 1.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.0 % и Капитални производи за 3.0 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 5.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %.

Индустриското производство во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, е зголемено за 2.3 %. 

Главни поенти

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, имаат одделите: 

  • Производство на прехранбени производи со 8.3 %
  • Производство на електрична опрема со 8.2 %
  • Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 7.7 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Горан Стојковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на индустриското производство