Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.2.2025.1/5

Индекси на индустриското производство, мај 2025 година

Индустриското производство во мај 2025 година е зголемено за 9.4 % во однос на мај 2024 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, бележи пораст од 18.8 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 11.8 %. 

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: 
 - Производство на прехранбени производи,
 - Производство на пијалаци, 
 - Производство на текстил,
 - Производство на облека,
 - Производство на хартија и производи од хартија,
 - Производство на хемикалии и хемиски производи,
 - Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
 - Производство на производи од гума и производи од пластични маси, 
 - Производство на електрична опрема,
 - Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место,
 - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
 - Производство на мебел. 

Според главните индустриски групи, производството во мај 2025 година, во однос на мај 
2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.7 %, Капитални производи за 13.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6 %,  додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 9.0 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 103.3. 

Главни поенти

Мај 2025 година во однос на мај 2024 година 

  • Производство на електрична опрема: +31.2 %
  • Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место: +18.4 %
  • Производство на моторни возила, приколки и полуприколки: +21.8 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Горан Стојковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на индустриското производство