Индекси на индустриското производство, јануари 2025 година
Индустриското производство во јануари 2025 година е зголемено за 1.4 % во однос на јануари 2024 година
Индустриското производство во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи пораст за 4.4 % во секторот Преработувачка индустрија, а опаѓање во секторите Рударство и вадење камен од 5.1 % и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 4.1 %.
Зголемувањето на индустриското производство во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:
- Производство на прехранбени производи
- Производство на тутунски производи
- Производство на текстил
- Печатење и продукција на снимени медиуми (записи)
- Производство на производи од гума и производи од пластични маси
- Производство на други неметални минерални производи
- Производство на метали
- Производство на електрична опрема
- Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
- Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 20.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.4 % и Капитални производи за 8.3 %.
Главни поенти
Јануари 2025 година во однос на јануари 2024 година:
- Производство на електрична опрема +2.1 %
- Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место +2.7 %
- Производство на моторни возила, приколки и полуприколки -11.6 %
Табели

Контакт
Подготвено од: Горан СтојковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk