Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.2.2025.1/7

Индекси на индустриското производство, јули 2025 година

Индустриското производство во јули 2025 година е зголемено за 4.1 % во однос на јули 2024 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи опаѓање од 10.4 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 7.5 %. 

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: 
 - Производство на тутунски производи, 
 - Производство на текстил,
 - Производство на облека,
 - Печатење и продукција на снимени медиуми (записи),
 - Производство на производи од гума и производи од пластични маси, 
 - Производство на други неметални минерални производи,
 - Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
 - Производство на електрична опрема,
 - Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место,
 - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
 - Производство на мебел. 

Според главните индустриски групи, производството во јули 2025 година, во однос на јули 
2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12.5 %, Капитални производи за 18.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.9 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.5 %.

Индустриското производство во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, е зголемено за 3.0 %. 

Главни поенти

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, имаат одделите: 

•    Производство на електрична опрема со 15.3 %
•    Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 4.6 %
•    Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 26.5 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Горан Стојковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на индустриското производство