Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.2.2025.1/6

Индекси на индустриското производство, јуни 2025 година

Индустриското производство во јуни 2025 година е зголемено за 0.5 % во однос на јуни 2024 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст од 6.9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 29.3 %. 

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: 
 - Производство на прехранбени производи,
 - Производство на тутунски производи, 
 - Производство на текстил,
 - Производство на хартија и производи од хартија,
 - Производство на хемикалии и хемиски производи,
 - Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
 - Производство на производи од гума и производи од пластични маси, 
 - Производство на електрична опрема,
 - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
 - Производство на мебел. 

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2025 година, во однос на јуни 
2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.6 %, Капитални производи за 2.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %,  додека опаѓање бележи кај Енергија за 24.4 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 4.3 %.

Индустриското производство во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на периодот јануари – јуни 2024 година, е зголемено за 2.8 %. 

Главни поенти

Најголемо влијание во порастот на индустриското производство во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, имаат одделите: 

  • Производство на прехранбени производи со 9.8 %
  • Производство на електрична опрема со 16.1 %
  • Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 7.0 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Горан Стојковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на индустриското производство