Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.1.2025.1/8

Индекси на бројот на работниците во индустријата, август 2025 година

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.6 % во август 2025 во однос на август 2024 година

Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 1.7 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за      0.6 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2025 година, во однос на август 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1.8 %, Капитални производи за  7.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.2 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 7.3 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, се намалил за 3.8 %.

Главни поенти

Бројот на работниците во индустријата во август 2025 година, во однос на август 2024 година, се намалил за: 

  • 1.7 % кај рударството и вадење на камен
  • 2.7 % кај преработувачката индустрија
  • 0.6 % кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Татјана Трајковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на бројот на работниците во индустријата