Индекси на бројот на работниците во индустријата, април 2025 година
Бројот на работниците во индустријата е намален за 4.3 % во април 2025 во однос на април 2024 година
Индексот на бројот на работниците во април 2025 година, во однос на април 2024 година, изнесува 95.7.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2025 година, во однос на април 2024 година, се намалил за 2.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.4 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2025 година, во однос на април 2024 година, се намалил кај Енергија за 3.5 %, кај Капитални производи за 8.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.3 %, а се зголемил за 11.8 % кај Tрајни производи за широка потрошувачка, а останал непроменет кај Интермедијарни производи, освен енергија.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2025 година, во однос на периодот јануари – април 2024 година, изнесува 96.0.
Главни поенти
Број на работници во април 2025 година во однос на април 2024 година
- Рударство и вадење на камен: -2.4 %
- Преработувачка индустрија: -4.5 %
- Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација: -2.4 %
Табели

Контакт
Татјана ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk