СООПШТЕНИЕ

Индекси на бројот на работниците во индустријата, декември 2024 година

Бројот на работниците во индустријата е намален за 4.7 % во декември 2024 во однос на декември 2023 година

Индексот на бројот на работниците во декември 2024, во однос на декември 2023 година, изнесува 95.3.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, се намалил за 1.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 5.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, се намалил кај Енергија за 3.3 %, кај  Капитални производи за 3.0 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.9 %, а се зголемил за 25.7 % кај Tрајни производи за широка потрошувачка.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на периодот јануари – декември 2023 година, е 99.7.

Главни поенти

Број на работници во декември 2024 година во однос на декември 2023 година

  •   Рударство и вадење на камен: -1.6 %
  •   Преработувачка индустрија: -5.0 %
  •   Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација: -2.5 %





Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Татјана Трајковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.