Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.1.2025.1/12

Индекси на бројот на работниците во индустријата, декември 2025 година

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во декември 2025 во однос на декември 2024 година

Бројот на работниците во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 
2.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 
2025 година, во однос на декември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2.5 %, Капитални производи за 4.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.3 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4.0 %. 

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, се намалил за 3.5 %.

Главни поенти

Бројот на работниците во индустријата во декември 2025 година, во однос на декември 
2024 година, се намалил за: 

  •    6.0 % кај рударството и вадењето камен
  •    2.7 % кај преработувачката индустрија
  •    0.5 % кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Татјана Трајковска
Телефон: 0389 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на бројот на работниците во индустријата