Индекси на бројот на работниците во индустријата, март 2025 година
Бројот на работниците во индустријата е намален за 4.3 % во март 2025 во однос на март 2024 година
Индексот на бројот на работниците во март 2025 година, во однос на март 2024 година, изнесува 95.7.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2025 година, во однос на март 2024 година, се намалил за 2.1 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.8 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2025 година, во однос на март 2024 година, се намалил кај Енергија за 2.8 %, кај Капитални производи за
7.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.1 %, а се зголемил за 13.4 % кај Tрајни производи за широка потрошувачка.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2025 година, во однос на периодот јануари – март 2024 година, изнесува 96.1.
Главни поенти
Број на работници во март 2025 година во однос на март 2024 година
- Рударство и вадење на камен: -2.1 %
- Преработувачка индустрија: -4.5 %
- Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација: -1.8 %
Табели

Контакт
Татјана ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk