Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.1.2025.1/5

Индекси на бројот на работниците во индустријата, мај 2025 година

Бројот на работниците во индустријата е намален за 4.3 % во мај 2025 во однос на мај 2024 година

Индексот на бројот на работниците во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, изнесува 95.7.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, се намалил за 2.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.3 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, се намалил во групите Енергија за 3.2 %, Капитални производи за  9.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.6 %, а се зголемил во групите Tрајни производи за широка потрошувачка за 12.4 % и Интермедијарни производи,освен енергија за 0.1  %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 95.9.

Главни поенти

Број на работници во мај 2025 година во однос на мај 2024 година

  • Рударство и вадење на камен: -2.4 %
  • Преработувачка индустрија: -4.5 %
  • Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација: -2.3 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Татјана Трајковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на бројот на работниците во индустријата