Индекси на бројот на работниците во индустријата, ноември 2024 година
Бројот на работниците во индустријата е намален за 4.0 % во ноември 2024 во однос на ноември 2023 година
Индексот на бројот на работниците во ноември 2024, во споредба со ноември 2023 година, изнесува 96.0.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2024, во однос на ноември 2023 година, бележи пораст од 4.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.1 %. Во секторот Преработувачка индустрија има намалување од 4.7 %.
Според главните индустриски групи, во ноември 2024 во однос ноември 2023 година, пораст на бројот на работниците има во Енергија за 4.5 % и Трајни производи за широка потрошувачка потрошувачка за 24.6 %. Опаѓање е забележано кај Капитални производи за 1.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на јануари – ноември 2023 година, изнесува 100.1.
Главни поенти
Број на работници во ноември 2024 година во однос на ноември 2023 година
- Рударство и вадење на камен: +4.9 %
- Преработувачка индустрија: -4.7 %
- Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација: +1.1 %
Табели

Контакт
Подготвено од: Татјана ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk