Индекси на бројот на работниците во индустријата, ноември 2025 година
Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.9 % во ноември 2025 во однос на ноември 2024 година
Бројот на работниците во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 5.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.3 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември
2025 година, во однос на ноември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2.4 %, Капитални производи за 4.5 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4.0 %.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, се намалил за 3.6 %.
Главни поенти
Бројот на работниците во индустријата во ноември 2025 година, во однос на ноември
2024 година, се намалил за:
- 5.2 % кај рударството и вадењето камен
- 2.9 % кај преработувачката индустрија
- 0.3 % кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Татјана ТрајковскаТелефон: +0389 2 3295 659
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk