СООПШТЕНИЕ

Индекси на бројот на работниците во индустријата, октомври 2024 година

Бројот на работниците во индустријата е намален за 3.2 % во октомври 2024 во однос на октомври 2023 година

Индексот на бројот на работниците во октомври 2024, во споредба со октомври 2023 година, изнесува 96.8.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2024, во однос на октомври 2023 година, бележи пораст од 4.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст  од 1.1 %.Во секторот Преработувачка индустрија има намалување од 3.9 %.

Според главните индустриски групи, во октомври 2024 во однос октомври 2023 година, пораст на бројот на работниците има во Енергија за 4.6 %, Капитални производи за 1.5 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 24.3 %.Опаѓање е забележано кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.3 %, и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.6 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на јануари – октомври 2023 година, изнесува 100.6.

Главни поенти

Број на работници во ноември 2024 година во однос на ноември 2023 година 

  • Рударство и вадење на камен: +4.6 %
  • Преработувачка индустрија: -3.9 %
  • Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација: +1.1 % 



Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Татјана Трајковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.