Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.1.2025.1/10

Индекси на бројот на работниците во индустријата, октомври 2025 година

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во октомври 2025 во однос на октомври 2024 година

Бројот на работниците во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2.1 %, Капитални производи за 5.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.3 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4.6 %. 

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, се намалил за 3.6 %.

Главни поенти

Бројот на работниците во индустријата во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, се намалил за: 

  • 2.8 % кај рударството и вадењето камен
  • 2.9 % кај преработувачката индустрија
  • 1.0 % кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Татјана Трајковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на бројот на работниците во индустријата