Индекси на бројот на работниците во индустријата, септември 2025 година
Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година
Бројот на работниците во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1.8 %, Капитални производи за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.8 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 4.8 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2 %.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, се намалил за 3.7 %.
Главни поенти
Бројот на работниците во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил за:
- 2.0 % кај рударството и вадењето камен
 - 2.9 % кај преработувачката индустрија
 - 0.6 % кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
 
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
                    Контакт
Татјана ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk