Индекси на бројот на работниците во индустријата, февруари 2025 година
Бројот на работниците во индустријата е намален за 4.1 % во февруари 2025 во однос на февруари 2024 година
Индексот на бројот на работниците во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, изнесува 95.9.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, се намалил за 2.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.5 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, се намалил кај Енергија за 2.6 %, кај Капитални производи за 6.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.3 %, а се зголемил за 18.0 % кај Tрајни производи за широка потрошувачка.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на периодот јануари – февруари 2024 година, изнесува 96.2.
Главни поенти
Број на работници во февруари 2025 година во однос на февруари 2024 година
• Рударство и вадење на камен: -2.3 %
• Преработувачка индустрија: -4.3 %
• Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација: -1.5 %
Табели

Контакт
Подготвено од: Татјана ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk