Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.1.2026.1/2

Индекси на бројот на работниците во индустријата, февруари 2026 година

Бројот на работниците во индустријата е намален за 3.4 % во февруари 2026 во однос на февруари 2025 година

Бројот на работниците во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за 
3.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.4 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 
2026 година, во однос на февруари 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.4 %, Капитални производи за 4.5 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 3.0 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1.6 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2026 во однос на периодот 
јануари – февруари 2025 се намалил за 3.5 %.

Главни поенти

Бројот на работниците во индустријата во февруари 2026 година, во однос на февруари 
2025 година, се намалил за: 

  • 6.3 % во рударството и вадењето камен
  • 3.4 % во преработувачката индустрија
  • 0.4 % во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Татјана Трајковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на бројот на работниците во индустријата