СООПШТЕНИЕ

Индекси на бројот на работниците во индустријата, јануари 2025 година

Бројот на работниците во индустријата е намален за 3.5 % во јануари 2025 во однос на јануари 2024 година

Индексот на бројот на работниците во јануари 2025, во однос на јануари 2024 година, изнесува 96.5.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, се намалил за 1.7 %, во секторот Преработувачка индустрија за 3.7 % а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, се намалил кај Енергија за 2.6 %, кај  Капитални производи за 5.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, а се зголемил за 22.3 % кај Tрајни производи за широка потрошувачка.

Главни поенти

Број на работници во јануари 2025 година во однос на јануари 2024 година

  • Рударство и вадење на камен: -1.7 %
  • Преработувачка индустрија: -3.7 %
  • Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација: -1.5 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Татјана Трајковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.