Индекси на бројот на работниците во индустријата, јануари 2026 година
Бројот на работниците во индустријата е намален за 3.6 % во јануари 2026 во однос на јануари 2025 година
Бројот на работниците во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за
3.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари
2026 година, во однос на јануари 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.5 %, Капитални производи за 4.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %.
Главни поенти
Бројот на работниците во индустријата во јануари 2026 година, во однос на јануари
2025 година, се намалил за:
- 6.2 % во рударството и вадењето камен
- 3.6 % во преработувачката индустрија
- 0.5 % во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Татјана ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk
Телефон:
е-пошта: