Индекси на бројот на работниците во индустријата, јули 2025 година
Бројот на работниците во индустријата е намален за 3.8% во јули 2025 во однос на јули 2024 година
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил за 2.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1.9 %, Капитални производи за 8.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.8 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 9.6 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.3 %.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, се намалил за 4.0 %.
Главни поенти
Бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил за:
- 2.4 % кај рударство и вадење на камен
- 4.0 % кај преработувачка индустрија
- 0.5 % кај снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Табели

Контакт
Татјана ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk