Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.1.2025.1/6

Индекси на бројот на работниците во индустријата, јуни 2025 година

Бројот на работниците во индустријата е намален за 4.0% во јуни 2025 во однос на јуни 2024 година

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, се намалил за 2.5 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.4 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2.5 %, Капитални производи за  9.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.2 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 11.4 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на периодот јануари – јуни 2024 година, се намалил за 4.1 %.

Главни поенти

Бројот на работниците во индустријата во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, се намалил за: 

  •   2.5 % кај рударство и вадење на камен
  •   4.3 % кај преработувачка индустрија
  •   1.4 % кај снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Татјана Трајковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на бројот на работниците во индустријата