Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ

Индекси на прометот во индустријата, август 2025 година

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 3.9 % во август 2025 година во однос на август 2024 година

Прометот во индустријата, вкупно, во август 2025 година во однос на август 2024 година, според главните индустриски групи, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.5 %, Капитални производи за 5.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 14.6 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.8 %.

Прометот во индустријата, вкупно, во август 2025 година во однос на јули 2025 година, бележи опаѓање од 20.9 %, додека во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, бележи пораст од 6.7 %.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи пораст од 3.4 %, додека во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, бележи опаѓање од 0.7 %.

Прометот во индустријата на странските пазари во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање од 5.8 %, додека во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, бележи пораст од 8.5 %.

Главни поенти

Најголемо влијание врз опаѓањето на вкупниот промет во индустријата во август 2025 година, во однос на август 2024 година, имаат оддeлите:

  • Производство на метали со 13.4 %
  • Производство на електрична опрема со 13.8 %
  • Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 13.3 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

1. Месечни индекси на прометот во индустријата

2021 = 100

Контакт

Верица Спасовска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на прометот во индустријата