Индекси на прометот во индустријата, август 2026 година
Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 8.8 % во август 2026 година во однос на август 2025 година
Прометот во индустријата, вкупно, во август 2026 година во однос на август 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.4 %, Капитални производи за 17.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.9 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 4.2 %.
Прометот во индустријата, вкупно, во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, бележи опаѓање од 16.3 %, додека во периодот јануари – август 2026 година, во однос на периодот јануари – август 2025 година, бележи пораст од 3.0 %.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2026 година, во однос на август 2025 година, бележи пораст од 4.4 %, додека во периодот јануари – август 2026 година, во однос на периодот јануари – август 2025 година, бележи пораст од 3.9 %.
Прометот во индустријата на странските пазари во август 2026 година, во однос на август 2025 година, бележи пораст од 11.2 %, додека во периодот јануари – август 2026 година, во однос на периодот јануари – август 2025 година, бележи пораст од 3.1 %.
Главни поенти
Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во август 2026 година, во однос на август 2025 година, имаат одделите:
- Производство на прехранбени производи со 2.7 %
- Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 17.4 %
- Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 17.3 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Верица СпасовскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk