СООПШТЕНИЕ

Индекси на прометот во индустријата, декември 2024 година

Прометот во индустријата е намален за 11.0 % во декември 2024 година во однос на декември 2023 година

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2024 година во однос на декември 2023 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 % и Капитални производи за 26.2 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2024 година во однос на ноември 2024 година, изнесува 87.2, додека во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на периодот јануари – декември 2023 година изнесува 89.2.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намалениот промет во следните оддели:

-    Производство на текстил
-    Производство на облека,
-    Производство на хартија и производи од хартија,
-    Производство на хемикалии и хемиски производи,
-    Производство на други неметални минерални производи,
-    Производство на метали,
-    Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
-    Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место,
-    Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
-    Производство на мебел.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува 99.1, а на странските пазари изнесува 85.5.

Главни поенти

Промет во индустријата во декември 2024 година во однос на декември 2023 година

  • Производство на прехранбени производи: +5.8 %
  • Производство на метали: -20.3 %
  • Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место: -18.4 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

1.Месечни индекси на прометот во индустријата

2021 = 100

Контакт

Подготвено од: Верица Динова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.