СООПШТЕНИЕ : 16.3.2025.1/3

Индекси на прометот во индустријата, март 2025 година

Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 1.8 % во март 2025 година во однос на март 2024 година

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2025 година во однос на март 2024 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.9 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.1 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 0.1 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2025 година во однос на февруари 2025 година, изнесува 109.1, додека во периодот јануари – март 2025 година, во однос на периодот јануари – март 2024 година, изнесува 102.9.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2025 година, во однос на март 2024 година, изнесува 92.9, додека во периодот јануари – март 2025 година, во однос на периодот јануари – март 2024 година, изнесува 95.6.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во март 2025 година, во однос на март 2024 година, изнесува 103.4, додека во периодот јануари – март 2025 година, во однос на периодот јануари – март 2024 година, изнесува 104.0.

Главни поенти

Вкупен промет во индустријата во март 2025 година во однос на март 2024 година

  • Производство на прехранбени производи: +5.3 %
  • Производство на метали: +8.2 %
  • Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место: -10.7 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

1. Месечни индекси на прометот во индустријата

2021 = 100

Контакт

Верица Спасовска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на прометот во индустријата