Индекси на прометот во индустријата, ноември 2024 година
Прометот во индустријата е намален за 7.5 % во ноември 2024 година во однос на ноември 2023 година
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2024 година во однос на ноември 2023 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 12.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.9 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 20.5 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2024 година во однос на октомври 2024 година, изнесува 94.1, додека во периодот јануари – ноември 2024 година во однос на периодот јануари – ноември 2023 година изнесува 89.2.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намалениот промет во следните оддели:
- Производство на тутунски производи
- Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
- Производство на метали,
- Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
- Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
- Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 98.7, додека на странските пазари во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 89.9.
Главни поенти
Промет во индустријата во ноември 2024 година во однос на ноември 2023 година
- Производство на прехранбени производи: +4.8 %
- Производство на метали: -16.4 %
- Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место: -13.6 %
Табели

Графикон
1.Месечни индекси на прометот во индустријата
2021 = 100
Контакт
Подготвено од: Верица ДиноваТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk