Индекси на прометот во индустријата, ноември 2025 година
Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 0.7 % во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година
Прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година, според главните индустриски групи, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 9.1 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 1.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.2 %.
Прометот во индустријата, вкупно во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, бележи опаѓање од 6.1 %, додека во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, бележи пораст од 5.2 %.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање од 4.5 %, додека во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, бележи опаѓање од 0.1 %.
Прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи пораст од 0.3 %, додека во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, бележи пораст од 6.4 %.
Главни поенти
Најголемо влијание врз опаѓањето на вкупниот промет во индустријата во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, имаат одделите:
- Производство на електрична опрема со 10.4 %
- Производство на метали со 16.9 %
- Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 4.9 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
1. Месечни индекси на прометот во индустријата
2021=100
Контакт
Верица СпасовскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk