Индекси на прометот во индустријата, октомври 2025 година
Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 0.4 % во октомври 2025 година во однос на октомври 2024 година
Прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2025 година во однос на октомври 2024 година, според главните индустриски групи, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0 %, Капитални производи за 2.1 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 12.3 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.1 %.
Прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2025 година во однос на септември 2025 година, бележи опаѓање од 0.5 %, додека во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, бележи пораст од 5.8 %.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи опаѓање од 0.3 %, додека во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, бележи пораст од 0.4 %.
Прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи опаѓање од 0.9 %, додека во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, бележи пораст од 7.0 %.
Главни поенти
Најголемо влијание врз опаѓањето на вкупниот промет во индустријата во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, имаат одделите:
- Производство на други неметални минерални производи со 15.4 %
- Производство на електрична опрема со 8.2 %
- Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 6.7 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
1. Месечни индекси на прометот во индустријата
2021 = 100
Контакт
Верица СпасовскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk