Индекси на прометот во индустријата, септември 2026 година
Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 5.4 % во септември 2026 година во однос на септември 2025 година
Прометот во индустријата, вкупно, во септември 2026 година во однос на септември 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.6 %, Капитални производи за 9.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 3.0 %.
Прометот во индустријата, вкупно, во септември 2026 година, во однос на август 2026 година, бележи пораст од 25.1 %, додека во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на периодот јануари – септември 2025 година, бележи пораст од 3.3 %.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, бележи пораст од 5.5 %, додека во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на периодот јануари – септември 2025 година, бележи пораст од 4.1 %.
Прометот во индустријата на странските пазари во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, бележи пораст од 5.6 %, додека во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на периодот јануари – септември 2025 година, бележи пораст од 3.4 %.
Главни поенти
Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, имаат одделите:
• Производство на прехранбени производи со 0.8 %,
• Производство на електрична опрема со 4.7 %,
• Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 19.5 %.
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Верица СпасовскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk